Едиторијал: Реакции на форум, препорачани позиции и младинци
3-5-2024
Месечното ажурирање не донесе револуционерни промени, но направени се многу корисни ажурирања за корисниците на форумот, младинските лиги и Супортерите. Воведени се нови динамични категории на играчи кои можат да им помогнат на менаџерите, особено на новајлиите, да ги организираат своите тимови како и при пребарувањето на трансфер маркетот.
Една од повидливите промени која може да ја забележите е дека на Хеттрик форумите сега постои побрз начин да се реагира на објавите, наместо да напишете одговор на истите.
Реакциите на форумот се во вид на емотикони, како допаѓања (лајкови) или насмевки (смајлињата), со кои ќе се овозможи да се издвојат објавите кои се по мерак на заедницата. Воведена е и опцијата да се создадат анкети на форумот со скриен резултатот се до завршувањето на анкетата - што ќе биде од корист при гласањето за Хеттрик Гала наградите.
Преминувајќи кон маладинците, сега може да одлучите предвреме дека сакате да ја напуштите серијата, во моментот кога ќе завршат предвидените натпревари во истата ќе истата. Ќе биде намалено и времето кое е потребно за да се создадат натпреварите за следната сезона, односни истите ќе бидат закажани веднаш после исполнувањето на лигата. Доколку ниту еден од тимовите не одлучил да ја напушти лигата, натпреварите ќе се закажат приближно во период од 3 часа после одигрувањето на последната рунда натпревари.
Да напоменеме дека оваа промена ќе биде воведена за една недела од денес, со што би сакале на лигите кои се приближуваат кој својот крај, да им дадеме доволно време за да се прилагодат на оваа промена.
При пребарувањето на младински лиги од мобилната апликација, сега може да корисите филтер со кој ќе ви бидат прикажани само сериите во кои имате право да се приклучите. Оваа филтрирање беше возможно на веб страната, а сега е на располагање и во мобилната апликација.
Супортерите ќе добијат значително зголемување на бележниците - бројот на бележници ќе биде удвоен за секоја категорија. Истотака додадена е и опцијата да се отстранат играчи од Алеата на Славните. Одлуката за ваква постапка секако дека треба да биде направена со најголема озбилност! Клубската историја и легендите на клубот треба да бидат восхитувани, а не да се остават во заборав. Нека ова ви биде на памет! Ова беше барање на Супертерите за да поправат грешки кои ги имаат направено со назначувањето на играчи во Алеата на Славните, и сметаме дека сте доволно одговорни да ја имате оваа опција на располагање.
Воведовме и нов динамичен начин на категоризирање на играчите, според препорачана позиција. Според вештините со кој располага играчот, ќе биде пресметана неговата препорачана позиција според формулата за рангирање со ѕвезди која се користи во поставувањето на наредби за натпреварите. Истата е прикажана како сива икона за категоријата до името на играчот. Оваа икона може да се види на деталната страница за играчот, страната за поставување наредби за натпреварот, страницата за пребарување на трансфер пазарот, и страницата за моментални наддавања.
На деталната страница за играчот може да видите и мини-мапа за тоа како се претпоставува дека играчот би изиграл на неколку од неговите најдобри позиции на теренот.
Системот за препорачани позиции може да биде исклучен преку страницата за Поставки, доколку се одлучите да не го користите. Ако сте супортер и имате назначено позиција на истиот, категоријата која ја имате избрано ќе биде видлива.
Променет е и начинот за пребарување на потенцијални играчи на трансфер пазарот, со користење на категориите за играчи како предефинирана поставка за филтрите за вештини. Ако на пример, имате избрано „бек“, категориите за пребарување ќе бидат автоматски пополнети со Одбрана, Крило и Креирање игра. Ова може нема да биде од корист на ветераните во играта. Да укажеме и дека нема направено никаква промена да постоечките филтри, и може да направите пребарувања по ваш терк.
Тоа е се за овој месец, и до следното видување во април!